Во наставната програма по математика за второ одделение се содржат следните цели:
- Брои co мали постојани чекори, по три до 30 и по четири до 40
- Брои по два, по пет и по десет за да изброи поголема група на предмети до 100
Што се однесува до „Брои co мали постојани чекори, по три до 30 и по четири до 40“ ја користиме истата алатка од прво одделение со тоа што правиме измена во кодот за почетниот број да биде произволен број од 1 до 10 и поставуваме чекор на броењето да биде 3 или 4. Целосниот код е даден на следниот графикон:

Оваа алатка се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/365908495/.
За другата цел „ Брои по два, по пет и по десет за да изброи поголема група на предмети до 100“ направена е алатка која ги вклучува трите броења, односно случајно се генерира со колкав чекор да се брои.

Задачата може да се менува со менување на интервалот на броеви за започнување на броењето. Во делот „Повторувај“ сега е поставено 10 што значи ученикот ќе треба да брои 10 пати нанапред со ист чекор. Тој број може да се промени и со тоа да се намали или зголеми нивото на тежина на задачата.
Алатката е достапна на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/365892507/
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска
Pingback: Алатки за цел „Брои во чекори“ за трето одделение – Едукација
Comments are closed.