Skip to content

Алатка за „Собирање и одземање“ за второ одделение

Соодветните цели во програмата по математика за второ одделение гласат:

  • Собира/одзема едноцифрен број со/од двоцифрен број
  •  Собира парови од двоцифрени броеви

Бидејќи првата цел е иста со целта од прво одделение за неа ќе се користи истата алатка од прво одделение. За задоволување на втората цел може да се направи измена само во изборот на собироците. Со цел збирот да не го надминува бројот 100 може да се постави двата собирока да бидат произволни броеви од 1 до 50. Значи измената ќе биде само во овие два блока:

Може да направиме и пофина измена на кодот со цел двата собирока да бидат произволни броеви од 1 до 100, но сепак нивниот збир да не го надминува бројот 100. Во тој случај целосниот код ќе биде како следува:

Интерактивниот дел, односно сцената кога ќе се активира проектот и се поставува задача изгледа вака:

По завршување со решавање и притискање на копчето „Крај“ сцената изгледа вака:

До оваа алатка може да се пристапи преку следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/386817187/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

1 thought on “Алатка за „Собирање и одземање“ за второ одделение”

  1. Pingback: Алатка за „Собирање и одземање“ за трето одделение – Едукација

Comments are closed.