Тука ќе ја разгледаме алатката за следните цели од наставната програма по математика за прво одделение:
- Собира едноцифрени броеви co броење нанапред/наназад
- Почнува да собира едноцифрен co едноцифрен број и двоцифрен co едноцифрен број до 20
Целта на алатката е учениците да вежбаат собирање на броеви до 20. Исто така алатката го брои бројот на решени задачи и бројот на точно решени задачи и го пресметува процентот на успешност во решавањето на задачите. Овие податоци може да бидат видливи на екранот, но може и да се скријат. Ова зависи од тоа за која цел ќе се користи алатката: дали учениците само ќе вежбаат, учениците ќе се самооценуваат или наставникот ќе ги оценува (сумативно или формативно).
Линкот до алатката е следниот: https://scratch.mit.edu/projects/356547546/.
Сцената при старт на алатката го има следниот изглед:

Како што гледаме во овој проект има три карактери: Мачето (кое ги поставува задачите и дава повратна информација за одговорот), „сино копче“ со чиешто притискање се генерира нова задача и „црвено копче“ за крај. Со секое ново притискање на синото копче се брои бројот на задачи кои ги решил ученикот. Овој бројач може да се искористи на начин што наставникот ќе им посочи на учениците колку задачи да решат. Со притискање на „крај“ ученикот кажува дека завршил со решавање, а со тоа се испраќа порака за пресметување на процентот на успешност во решавањето. На горната слика е прикажана сцената на проектот со сите варијабли кои можат едноставно да се скријат со нивно отштиклирање во секцијата блокови „Variables“:

Кодовите кај секој од карактерите изгледаат како што е прикажано:



Во оваа алатка е ставено двата собирока да бидат со вредности од 1 до 10. Оваа опција може да се менува во зависност од целите и потребите во наставниот час, односно може двата собирока да бидат едноцифрени (од 1 до 9) или едниот е едноцифрен број, а другиот е двоцифрен (пр. првиот е од 1 до 5, а вториот од 10 до 15).
Оваа алатка може да се прилагоди за соодветните цели за операцијата одземање односно целта: „Одзема едноцифрени броеви co броење нанапред/наназад“ со менување на операторот за собирање со оператор за одземање и условување секогаш поголемиот број да се земе за намаленик, а помалиот број за намалител. Кодот со соодветната измена би изгледал вака:

Алатката со соодветно направената измена се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/386629993/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска
Pingback: Алатка за „Собирање и одземање“ за второ одделение – Едукација
Comments are closed.