Skip to content

Алатка за цел „Аналоген часовник“

Наставните цели што се однесуваат на единиците мерки за време и препознавање време на часовник во програмите по математика од прво до трето одделение ги среќаваме со следната формулација:

Одделение Цели
ПрвоГо чита времето (часот) и ги знае клучните времиња на денот.
ВтороГо чита времето до половина час на дигитален и аналоген часовник.
ТретоПочнува да пресметува едноставни временски интервали во часови и минути.

Една од алатките за исполнување на овие цели е алатката „Аналоген часовник“. Во оваа алатка е изработен аналоген часовник којшто го покажува тековното време до: часови, минути и секунди. Врз основа на тоа самиот проект содржи 4 карактери: основа на часовникот, часовна стрелка, минутна стрелка и секундарна стрелка. Кодовите кај секој од карактерите се како што следуваат:

Кодови на карактерите во алатката за аналоген часовник

Со клик на Зеленото знаме се стартуваат сите кодови и часовникот почнува да работи со соодветно ротирање на стрелките односно насочување во насока на соодветниот број на часовникот.

Може да се забележи дека во блокот за насочување во пресметката на аголот се додадени 90°:

Ова е случај кај сите три стрелки. Стрелките при цртањето се поставени вертикално односно во насока на 12 часот (0°). Но Scratch карактерите во почетна позиција имаат насока 90° и затоа треба да им се додадат дополнителни 90°.

Во алатката на линкот  https://scratch.mit.edu/projects/422136715/ е внесен уште еден карактер –  Мајмунче којшто поставува прашања до корисникот за точниот час и минути и ја проверува точност на внесениот одговор и дава повратна информација. Во продолжение  е кодот на овој карактер и директен линк до алатката:

Сцената на проектот при негово стартување и извршување изгледа вака:

При секое ново притискање на Мајмунчето тоа поставува прашања: „Колку е часот?“ и „Колку минути се поминати од овој час?“ и дава соодветна повратна информација за точноста на внесениот одговор.

Оваа алатка претставува функционален аналоген часовник кој се стартува да работи во реално време. Затоа неговата примена е повеќе демонстративна од страна на наставникот или ученикот, за да се покаже како функционира аналоген часовник, како се движат стрелките итн. Во однос на проверка на усвоените знаења од страна на ученикот може да се искористи за проверка на точно читање на времето до час и минута.

Оваа алатка може да се менува и да се прилагодува во зависност од одделението и целите на часот.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска