Skip to content

Алатка за цел „2Д форми“ за трето одделение

Во алатката за трето одделение се задржуваме на целта: „Разликува 2Д форми според бројот на страните, темињата“. Оваа алатка е направена за усвојување на целта и проверување на усвоеноста на целта. Во проектот има три карактери: „Молив“, „Копче за почеток и нова задача“ и „Копче за крај“.

Карактерот „Копче за почеток и нова задача“ има три изгледи (костими): изглед за почеток, изглед за порака „Браво“ и изглед за порака „Ново погодување“. Во продолжение се дадени изгледите/костимите и кодот на овој карактер:

На почеток на Сцената стои првото копче и со негово притискање започнува една рунда задачи. Тогаш се активира и кодот на Моливот:

Изглед на Сцена и код на карактерот Молив

Како што гледаме во него е дефинирана променлива „број на страни“ чија вредност се избира произволно во опсегот од 3 до 10 при секое ново притискање на копчето за нова задача. Таа дефинира каков многуаголник ќе се исцрта на Сцената. Потоа се поставува прашање до ученикот да го внесе бројот на страни на нацртаниот многуаголник. При точен одговор се потврдува точноста и копчето добива изглед „Браво“. При неточен одговор се дава пишана порака со точниот одговор.

Изглед на Сцена при точен и неточен одговор

Во кодот има две променливи кои служат како бројачи на: број на поставени задачи и број на точно одговорени задачи. Тие можат да бидат видливи на сцената или да бидат сокриени како што е прикажано на претходните слики. Со притискање на копчето „Крај“ ученикот кажува дека сака да заврши со користење на алатката. Притоа се активира кодот на овој карактер и се покажува соодветна порака која дава повратна информација: Колку вкупно задачи решавал ученикот и колку од нив ги решил точно. Исто така се дава и процентот на точно решени задачи.

Код и изглед на алатката со исцртани форми и копче за крај

Во оваа алатка може да се менува опсегот од кој произволно се бира бројот на страни при секое ново цртање, во зависност од потребите и целите на часот.

Алатката е достапна на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/363535516/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска