Skip to content

Алатка за „Собирање и одземање“ за трето одделение

Во трето одделение во однос на операциите собирање и одземање се работи со броеви до 1000 и тука се среќаваат следните наставни цели:

  • Собира и одзема двоцифрени и трицифрени броеви со 10 и со полни десетки (на пр. 570-40=530).
  • Собира трицифрени броеви со 100 и со полни стотки (на пр: 460+200=660).
  • Собира и одзема парови двоцифрени броеви.
  • Собира трицифрени и двоцифрени броеви со запишување.
  • Собира/одзема едноцифрени броеви со/од трицифрени броеви.

Во однос на последните три цели за целта собирање може да се користи алатката од второ одделение со тоа што може да се менува опсегот на собироците, зависно од тоа дали треба да бидат едноцифрени, двоцифрени или трицифрени броеви.

Во однос на целта за одземање ќе треба да се направи прилагодување на алатката за собирање со промена на операторот „+“ со операторот „-“. Во случај да се одземаат парови двоцифрени броеви треба да се стават дополнителни блокови за проверка кој од броевите е поголем и негово поставување за намаленик. Исто така треба да се направи измена во поставување на прашањето до ученикот. Сите овие промени се прават во кодот кај карактерот Маче, додека кодовите за карактерите – копчиња остануваат неизменети. Целосниот код за Мачето со направените измени ќе изгледа како што следува:

Код на алатката „Одземање на двоцифрени броеви III“

Алатката е достапна на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/386831973/.

Ако се одзема едноцифрен од трицифрен број избираме намаленикот да биде трицифрениот број, а намалителот едноцифрен број. Значи овде кодот ќе биде поедноставен:

Код на алатка за одземање на едноцифрен од трицифрен број

Оваа алатка е достапна на: https://scratch.mit.edu/projects/386833934/.

Понатаму ќе се задржиме на алатките за првите две цели. Алатката за „Собирање на трицифрен број со 10 или полна десетка“ се гради врз основа на истата алатка од генералната цел „Собирање и одземање“ со прилагодување на кодот кај Мачето.

Код на алатка за собирање на трицифрен број со полна десетка

Оваа алатка е достапна на линкот https://scratch.mit.edu/projects/386853122/.

За „Одземање на полна десетка од трицифрен број“ во претходниот код треба само да се замени операторот „+“ со „-“.

Во однос на целта „Собирање трицифрени броеви со 100 и со полни стотки“ во горниот код правиме промена во блокот

односно вредноста на b ја поставуваме да биде еднаква на k • 100. Останатите блокови со наредби остануваат непроменети.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска