Skip to content

Алатка за цел „Споредување на броеви“ за прво одделение

Во однос на споредувањето на броеви во наставните програми по математика од I до III одделение се дадени следните цели:

Одделение Цели
ПрвоКористи поими „поголем“ или „помал“ за да спореди два броја до 30 и кажува број што се наоѓа помеѓу нив.
ВтороПодредува броеви до 100; споредува два броја користејќи ги знаците „>“ и „<“.
ТретоСпоредува трицифрени броеви користејќи ги знаците „>“ и „<“ и наоѓа број помеѓу нив.
Табела со цели за споредување на броеви

За секое одделение е направена по една алатка во согласност со целта која треба да се совлада.

Алатката за прво одделение е направена за исполнување на соодветната цел: „Користи поими „поголем“ или „помал“ за да спореди два броја до 30“. Со нејзино користење учениците може да го проверуваат своето знаење за споредување на броеви, да вежбаат неограничен број на задачи и истовремено да ги запознаат знаците „>“ и „<“ и да ги поврзат соодветно со термините „поголем од“ и „помал од“.

Со примена на алатката при секое притискање на Мачето се генерира ново прашање кое се задава како текст и се прикажува визуелно како исказ со броеви и знак на сцената.

Код и изглед на алатка за поголемо и помало

Прашањата се формулирани за „да – не“ одговор и затоа на сцената се ставени две копчиња со чие притискање ученикот го кажува својот одговор. Со нивно притискање програмата проверува дали одговорот на ученикот е точен или неточен и му дава соодветна повратна информација. Во продолжение се кодовите на копчињата „Да“ и „Не“.

Кодови на копчињата за „Да“ и „Не“

Во програмата се вметнати два бројачи: бројач на решени задачи и број на точно решени задачи. Со притискање на копчето „Крај“ ученикот кажува дека завршил со решавање и добива повратна информација за успешноста во решавањето. После тоа може повторно да започне нова рунда задачи за да го подобри својот резултат.

Код и изглед на порака за успешност во решавање

Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/413213348/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

1 thought on “Алатка за цел „Споредување на броеви“ за прво одделение”

  1. Pingback: Алатка за цел „Споредување на броеви“ за второ одделение – Едукација

Comments are closed.