Skip to content

Алатка за цел „Споредување на броеви“ за трето одделение

Оваа алатка е направена за исполнување на соодветната цел по математика за трето одделение „ Споредува трицифрени броеви користејќи ги знаците „>“ и „<“ “.

Алатката всушност е истата алатка од второ одделение со направена измена на интервалот од којшто се бираат броевите кои се споредуваат. Во овој случај тоа е интервалот од 100 до 1000. Тој интервал може да се менува, односно да биде потесен или поширок во зависност од целите на конкретниот час или во зависност од индивидуалните потреби на ученикот.

Алатката се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/413210198/.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска