Skip to content

Алатка за цел „Читање на време до половина час на аналоген часовник“

Алатката „Аналоген часовник“ може да ја прилагодиме така што ќе покажува произволен точен час и минути до половина час и со тоа да ја искористиме за проверка на усвоеност на соодветната цел од второ одделение: „Го чита времето до половина час на дигитален и аналоген часовник“.

Во претходната алатка се прават измени на кодовите на Минутната стрелка, Часовната стрелка и Мајмунчето и тие изгледаат вака:

Код на алатката за часовник со читање до половина час

Оваа алатка се стартува со клик на Зелено знаме, пришто се генерираат произволни вредности на две променливи: час (во опсег од 1 до 12) и минути (0 или 1). Во зависност од вредноста на променливата „час“ часовната стрелка се поставува да покажува на бројот на часовникот соодветен на вредноста на променливата „час“. Ако вредноста на променливата „минути“ е 0 тогаш минутната стрелка ќе покажува на 12, односно ако вредноста на променливата „минути“ е 1 тогаш минутната стрелка ќе покажува на 6. Потоа Мајмунчето поставува прашање за тоа колку е часот и во зависност од одговорот дава повратна информација до ученикот. Ако вредноста на „минути“ = 0 се поставува прашање „Колку е часот?“ со очекување ученикот да внесе само број кој го означува точниот час. Ако вредноста на „минути“ = 1 се поставува прашање „Колку  часа и минути?“ со очекување ученикот да внесе одговор од облик: „3 и 30“.

Оваа алатка може да се стартува неограничен број на пати со клик на Зелено знаме и при секое ново стартување ќе се генерира нова задача. Но овој начин учениците може да го вежбаат читањето на времето на аналоген часовник до половина час.

Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/425675176/

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска