Оваа алатка е направена за исполнување на соодветната цел за второ одделение „ Споредува два броја до 100 користејќи ги знаците „>“ и „<““. Алатката е направена со мали измени на соодветната алатка од прво одделение. Измените се направени само во кодот кај Мачето:
- Првиот и вториот број се избираат од поголем интервал, односно од 1 до 100
- За кажување дијалог е искористен само еден блок “Say” зашто во текстот кај Мачето се користат знаците за помало и поголемо наместо зборови (имајќи во предвид дека учениците веќе ги усвоиле и препознаваат знаците)

Кодовите за останатите карактери во оваа алатка остануваат исти како во соодветната алатка од прво одделение.
Алатката се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/384071059/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска
Pingback: Алатка за цел „Споредување на броеви“ за трето одделение – Едукација
Comments are closed.