Во трето одделение броењето нанапред со даден чекор се развива до две цели
- Брои нанапред и наназад единици, десетки и стотки, двоцифрени и трицифрени броеви
- Брои нанапред и наназад во чекори по 2, по 3, по 4 и по 5 до најмалку 50.
Во однос на првата цел направена е измена на соодветните алатки за броење од второ одделение со цел да може да се брои по единици, десетки или стотки. Притоа поставен е услов ако се стигне до бројот 1000 да се престане броењето и ученикот ако сака да започне нова задача. Целосниот код изгледа како на следната слика.

Прозорецот за интеракција е како што следува:

До алатката може да се пристапи преку следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/363076692/.
Алатката за броење нанапред во чекори по 2, по 3, по 4 и по 5 до најмалку 50 се добива со измена на сличната алатка од второ одделение со тоа што за почетен број се зема произволен број од 1 до 10, а за чекор се избира произволен број од 2 до 5. Целосниот изглед на екранот, односно кодот и сцената заедно изгледаат вака:

Линкот до соодветната алатка е следен: https://scratch.mit.edu/projects/385965845/.
Ако сакаме броењето да биде наназад тогаш во блокот

ќе поставиме броењето да започнува од произволен број меѓу 50 и 100 со цел и после 9 броења во оптимален случај со чекор 5 да не се добие број помал од 0. Понатаму, во блоковите:


се прави замена на операторот „+“ со „-“. И во пораката што ја кажува Мачето во текстот му даваме упатство на ученикот да брои наназад.
Оваа алатка може да се менува и прилагодува според потребите во насока на:
- Помал или поголем интервал од кој се одбира почетниот број на низата
- Други чекори за броење нанапред или наназад (поголем или помал избор)
- Менување на бројот на повторувања во циклусот „Repeat” што ќе значи менување на бројот на членови на низата коишто треба да ги одредуваат учениците.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска