Skip to content

Алатки за цел „Брои во чекори“ за прво одделение

Според наставните програми по математика за прво одделение учениците треба да го совладаат броењето нанапред до 100:

  • со чекор 10 почнувајќи од конкретен едноцифрен број
  • со чекор 2 почнувајќи од конкретен едноцифрен број.

Целта на оваа алатка е да избере почетен број и чекор на броењето, а потоа ученикот треба да ги погодува следните последователни членови од низата.

Низата со наредби во Scratch  дадена на следниот графикон e програмата за креирање на алатката: „Брои нанапред со чекор 10 почнувајќи од даден едноцифрен број“.

Код на алатка: Брои во чекори



Линкот до алатката е следниот: https://scratch.mit.edu/projects/365893006/.

Ако блокот

 се замени со блокот

добиваме нова алатка: „Брои нанапред со чекор 2 почнувајќи од даден едноцифрен број“. Исто така може да се менува бројот на последователни членови на низата што треба да ги пронајде ученикот со менување на бројот во блокот за повторување “repeat”.

Она што ученикот го гледа на Сцената и со коешто комуницира изгледа вака:

Изглед на алатката: Брои нанапред со чекор 10

Откако ќе се даде одговор, ако е точен Мачето кажува: „Браво!“, во спротивно кажува: „Точниот одговор е ___“ и се продолжува со прашување. Потоа тој број се запишува во табот „Број“ и се поставува прашањето „Брои нанапред од ___по 10!“ Откако ќе се заврши со една низа Мачето кажува: „Притисни го зеленото знаме за нова задача!“ и ученикот може да го притисне знакот „Зелено знаме“ за да решава нова задача.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска

1 thought on “Алатки за цел „Брои во чекори“ за прво одделение”

  1. Pingback: Алатки за цел „Брои во чекори“ за второ одделение – Едукација

Comments are closed.