Оваа алатка е направена со цел учениците од прво одделение полесно да ги запаметат удвоените броеви на броевите од 1 до 9. Алатката може да послужи како демонстрација на удвоените броеви на броевите од 1 до 9, но учениците може и индивидуално да ја користат за учење.
Оваа алатка се состои од повеќе карактери, односно секој број од 1 до 9 и секој нивен удвоен број е посебен карактер. Додека како водител низ презентацијата се јавува карактерот „Пингвин“. Пингвинот дава инструкции на ученикот да притисне број на тастатурата за кој сака да научи кој е негов удвоен број. Подолу е прикажана сцената со Пингвинот, како и неговиот код:


Секој број карактер е скриен и се појавува кога ученикот ќе го притисне соодветниот број на тастатурата. На пример со притискање на бројот 5 ја имаме сцената на која се појавува бројот 5 со облаче за говор, а по 2 секунди се појавува и неговиот удвоен број 10.


Оваа интеракција е спроведена преку наредбите за испраќање на пораки односно broadcast. За карактерите 5 и 10 кодовите се следните:


Алатката е дадена на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/388363029/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска