Оваа цел е дел од наставната програма по математика за прво одделение, и гласи како:
Одделение | Цели |
Прво | Брои предмети до 20 и го поврзува количеството со соодветниот број. |
Целта на оваа алатка е вежбање на броење до 20. Алатката за оваа цел е направена во вид на игра во која со движење на глувчето ученикот треба да ги удира бејзбол топките. При удар односно допир соодветната топка исчезнува од екранот. Ученикот треба самостојно да ги изброи топките и при поставеното прашање да одговори колку топки изброил. Со ова се постигнува целта ученикот да го поврзе количеството на топки со соодветен број и да го запише количеството во вид на број. Активноста може да се повторува неограничен број пати. При секое започнување се генерира нов случаен број од 1 до 20.
Во продолжение се кодовите за двата карактери кои се ставени во активноста.


Прозорец при започнување на активноста:


Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/383282487/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска