Во наставата во второ одделение може да се користи истата алатка од прво одделение со цел учениците да ги повторат имињата и својствата на 2Д формите. Во таа алатка може да се додадат нови карактери, како: Рамностран триаголник, Правилен петаголник, Неправилен петаголник, Правилен шестаголник, Неправилен шестаголник и слично. Кај секоја од формите во облачето со текст може да се менува текстот во зависност од својствата кои сакаме да ги потенцираме и кои треба да ги усвојат учениците.
Новите карактери може да се нацртаат со користење на Paint Editor во Scratch или може да се најдат готови сликички од фигурите и да се додадат како карактери во Scratch преку опцијата Upload Sprite:


Друга алатка која може да најде примена во наставата е алатката за цртање на правилен многуаголник. Нејзиниот код е следниот:

Ученикот треба да го внесе бројот на страни на многуаголникот чиешто цртање и цртеж сака да го види и потоа за кратко на екранот се исцртува соодветниот правилен многуаголник:


Со оваа алатка ученикот може преку визуализација полесно да ги запомни и препознава правилните многуаголници со одреден број на страни. Алатката се наоѓа на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/363106117/
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска