Skip to content

Алатка за цел „2Д форми“ за прво одделение

Во однос на 2Д формите или геометриски форми во рамнина како група на цели кои спирално се надополнуваат од прво до трето одделение се следните:

ОдделениеЦели
Прво Именува и издвојува едноставни 2Д форми (на пр. кругови, квадрати, правоаголници и триаголници) разликувајќи ги по бројот на страните, по криви или прави линии. Ги користи да направи шеми и модели.
Второ Групира, именува, опишува, замислува и црта 2Д форми (на пр. квадрат, правоаголник, круг, правилен и неправилен петаголник и шестаголник) според нивните својства; препознава 2Д форми во различни положби.
Трето Препознава, опишува и црта 2Д форми вклучувајќи петаголници, шестаголници, осумаголници и полукругови. Разликува 2Д форми според бројот на страните, темињата и правите агли.
Табела со цели за 2Д форми

Алатката за прво одделение е направена да им помогне на учениците полесно да ја усвојат целта: „ Именува и издвојува едноставни 2Д форми (на пр. кругови, квадрати, правоаголници и триаголници) разликувајќи ги по бројот на страните, по криви или прави линии “.

Самата алатка е интерактивно претставување на фигурите по редослед според избор на ученикот. Карактери во овој проект се: „Магионичар“ како презентер и водич низ алатката и 2Д форми: „Круг“, „Квадрат“, „Правоаголник“ и „Триаголник“.

Со започнување на програмата на Сцената се појавува Магионичар кој ја кажува целта на алатката и поставува прашање до ученикот која 2Д форма сака да се појави. Притоа му дава избор од формите кои се внесени во алатката, а ученикот треба да го испише името на формата.

Изглед на прва сцена на алатката за 2Д форми за прво одделение

Кодот на овој карактер е како следува:

Според внесениот одговор од страна на ученикот се појавува соодветната 2Д форма со краток опис на нејзините својства. Исто така кај секоја форма се внесени и мали ефекти за движење, менување на боја или големина за да се внесе динамичност во алатката. Во продолжение се дадени карактерите со соодветните кодови:

Кодови на карактерите на алатката за 2Д форми

Со користење на оваа алатка ученикот учи да ги именува дадените 2Д форми, да ги препознава и учи некои  нивни својства: дали има прави или криви линии, колку страни има итн.

Оваа алатка може да се испроба на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/421047379/.

Во зависност од потребите алатката може да се менува со додавање на нови 2Д форми како карактери или со внесување на нови дијалози за други својства на формите со кои сакаме да се запознаат и да ги усвојат учениците.

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска