Оваа алатка е изработена за наставната цел од трето одделение: „Брзо ги удвојува броевите добиени со множење со 5 (< 100) и добиените броеви ги дели на половина“. Самата алатка е наменета за повторување, утврдување и проверување на усвоените знаења за удвојување и преполовување на броеви.
Алатката е интерактивна пришто комуникацијата ја води Scratch мачето кое поставува прашања, го потврдува точниот одговор или во случај на неточен одговор го кажува точниот одговор.

Кодот е направен така што задачите се генерираат со случаен избор на одредени променливи од даден опсег на броеви и точно одредени операции со дадените променливи. Во овој пример поставено е да се генерираат вкупно 20 задачи, 10 со удвојување и 10 со преполовување. Овој број може да се менува со менување на бројот на повторувања во циклусот Repeat. Исто така во кодот е ставен бројач кој ги брои точно решените задачи. Кога ќе заврши со решавање на ученикот му се дава повратна информација за успешноста во решавањето. На овој начин е овозможено самооценување. Исто така се дава поттик за повторно решавање и остварување подобар резултат.
Изгледот на кодот за оваа алатка е даден на следната слика:

Алатката е достапна на следниот линк: https://scratch.mit.edu/projects/413180777/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска