Оваа алатка е изработена за наставната цел за второ одделение „ Ги преполовува удвоените броеви на 5, 10, 15, …, 45, 50 “. Со неа учениците можат да вежбаат преполовување на полните десетки до 100 и да ги проверуваат своите знаења. Алатката може да се користи и за индивидуално учење, учење преку обиди и грешки.
Оваа алатка се состои од повеќе карактери: водител на презентацијата „Макс”, броевите: 10, 20, 30, 40, 50, 60, 70, 80, 90, 100 и нивните преполовени броеви.
Макс се појавува на почетокот на играта за да ја најави нејзината цел и што треба да прави корисникот. Сцената со Макс и неговиот код изгледа вака:


Броевите што треба да се преполовуваат се наредени како правоаголни копчиња со соодветниот број. Со кликање на еден број се поставува прашање за неговиот преполовен број. Во случај на точен одговор тој број се заменува со соодветниот преполовен број и полето се обојува во нова боја. Во случај на неточен одговор се дава порака за повторен обид.

Откако ќе се одговорат точно сите прашања / задачи Сцената треба да изгледа на следниот начин:

Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/393385171/
Во кодот на овој проект може да се внесе бројач за број на поставени прашања / задачи во вид на варијабла (променлива). Бројот 10 (бројот на точни одговори) поделен со тој број ќе ја даде успешноста (процентот на успешност) на ученикот во решавањето на задачите. Со тоа оваа алатка може да се користи за оценување на ученикот за совладаност на целта.
Линк до соодветната алатка со бројач со соодветни измени во кодот која на крај дава порака за процентот на успешност во решавањето е: https://scratch.mit.edu/projects/412951292/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска