Skip to content

Алатка за цел „Удвојување на броевите 10, 15, 20, 25, 30, 35, 40, 45, 50“

Оваа алатка е изработена за наставната цел за второ одделение „Ги удвојува броевите 5, 10, 15, …, 45, 50“. Со неа учениците можат да вежбаат удвојување на содржатели на 5 до 50 и да ги проверуваат своите знаења. Алатката може да се користи и за индивидуално учење, учење преку обиди и грешки зашто во случај на погрешен одговор на ученикот му се посочува точниот одговор.

Оваа алатка се состои од повеќе карактери: водител на презентацијата „Пингвин”, броевите: 10, 15, 20, 25, 30, 35, 40, 45, 50 и нивните удвоени броеви.

Пингвинот ја води комуникацијата со ученикот и дава инструкции за следен чекор. Подолу е прикажана сцената со Пингвинот и неговиот код:

Со притискање на број на сцената се поставува прашање да се одреди неговиот удвоен број. Ако одговорот е точен, бројот се заменува со неговиот удвоен број со соодветна порака. Ако одговорот е неточен се кажува точниот одговор, но бројот и понатаму останува на сцената за да може ученикот повторно да проба да најде негов удвоен број.

Во проектот има две постави на броеви: броеви на кои треба да им се одреди удвоен број и удвоени броеви. На пример, бројот 25 е во првата постава и го има следниот код:

Ако ученикот внесе точен одговор се испраќа порака до удвоениот број да се активира неговиот код, во случајов бројот 50, а бројот 25 го снемува од сцената. При неточен одговор се кажува порака со точниот одговор.

Кодовите на втората постава на броеви се од следниот вид:

Откако ученикот ќе ги одговори точно сите прашања сцената изгледа вака:

Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/392889887/

Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска