Оваа алатка е направена за соодветната наставна цел од прво одделение. Со неа учениците можат да вежбаат наоѓање половина од парен број предмети до 10. Алатката може да се користи и за индивидуално учење, учење преку обиди и грешки зашто во случај на погрешен одговор на ученикот му се посочува точниот одговор.
Алатката се состои од два карактери: водител на презентацијата „Самовила“ и предмети за броење „Балони“.
Самовилата поставува прашања и дава инструкции на ученикот за следен чекор. Таа ги потврдува точните одговори и ги поправа неточните одговори со давање на соодветен точен одговор. Подолу е прикажана сцената со Самовилата, како и нејзиниот код:


Балонот во случајов е еден карактер којшто се „клонира“ во поголем случајно избран парен број на балони. При допир со глувчето половина од балоните пукаат (исчезнуваат) со што остануваат половина од нив коишто треба да се избројат и да се внесе одговорот. Кодот за овој карактер е следниот:

При секое ново стартување на проектот со клик на Зелено знаме се генерира нов број на балони и нова задача.
Линк до алатката: https://scratch.mit.edu/projects/505940982/.
Овој текст и споделените алатки се извадок од магистерскиот труд Компјутерски алатки во Scratch за наставата по математика во прв воспитно – образовен период на м-р Гордана Мишевска